ТОП просматриваемых книг сайта:
Синџирот На Дејзи. Owen Jones
Читать онлайн.Название Синџирот На Дејзи
Год выпуска 0
isbn 9788835418160
Автор произведения Owen Jones
Жанр Зарубежные детективы
Издательство Tektime S.r.l.s.
копчиња на телефонот и разговараше со некого. „Не, не ги знам нејзините
нови податоци за контакт. Ќе ѝ дадам сама да ти ги каже.“ Ѝ го подаде
телефонот на Дејзи, велејќи, „Треба да си направиш визит-карти за да знаат
другите дека постоиш и како да стапат во контакт со тебе. Ни јас не знам, а
живееме во истата куќа!“
Ја сфати пораката. Независно дали другите знаеја што да прават со неа, таа беше подеднакво виновна поради тоа што не е достапна. Попладнето си
дизајнираше визит-карта со помош на печатач на интернет, со помош на
алатката Џинг го исече дизајнот и го прати во локална печатница за веднаш
да се печати. Следниот ден ќе ѝ испорачаат илјада шарени визитки.
Проблем ѝ претставуваше само полето со работната функција. Беше
решена дека не сака да ја опишуваат како книговодител, па дури ниту како
сметководител. Но, ѝ се допадна описот кој конечно го смисли: „Решавач на
проблеми“.
Одговараше со семејниот темперамент, според неа, а како за жена, звучеше агресивно. Особено за убава, млада, синоока, русокоса дама.
Беше совршено. Потоа ги внесе називите и подробностите за бизнисите на
татко ѝ и се запозна со нивната локација и со тоа што им беше предмет на
работа.
Таа вечер, на вечерата, на татка си му го покажа списокот со петнаесет
бизниси коишто ѝ беа доделени.
„Добро, тато“, почна таа, „Сакам да се запознам со менаџерите на сите
овие компании и да им дадам до знаење дека ќе ги проучувам. Мислиш
дека би било подобро ти да ме прошеташ и да ме претставиш или сакаш
прво да им телефонираш и да им пратиш воведно писмо?“
„Од која сакаш да почнеш?“
„Мислам дека е подобро да почнам со двете најмали. Така ќе можам да
си ја усовршам техниката пред да дојдат на ред поголемите. Што мислиш
ти?“
„Ми звучи добро. Дали имаш некој редослед на списоков?“
„Од најголем до најмал профит. Ни тоа не го знаеше? Во втората колона
е претставен во проценти профитот од целокупниот приход.“
„Истиве цифри ги добивам секој квартал од Мануел, но сѐ додека се
разумни, не им посветувам големо внимание.“ Тоа беше вистина. Тој беше
мултимилионер, а легитимните бизниси и тоа како го покриваа начинот на
живот кој го водеше, но неговите други интереси му носеа многу, многу
повеќе.
„Ќе те однесам да се запознаеш со првите неколкумина од твојот список, нема проблем, но не гарантирам дека ќе те однесам кај сите петнаесет. Како
планираше, да одиш кај еден дневно?“
„Таков ми беше планот, но навистина зависи што ќе откријам. За некои
можеби ќе треба повеќе време.“
Џон кимна со главата во согласување. „Јас ќе одам со мојата кола, а ти
можеш да одиш со твојата. Штом ќе те запознам, ќе си се вратам на мојата
работа, а исто и ти. Дали